Централниот регистар го продолжи рокот за пријавување на имејл-адреса на правните субјекти во земјава, бидејќи многу малку фирми ја исполниле оваа законска обврска, која истекуваше на крајот на месецов. За последниот рок за извршувањето на оваа обврска, кој дополнително ќе биде утврден, сите правни лица навремено ќе бидат информирани. Од 25 февруари, кога стапија во сила законските измени, од вкупно 100.000 регистрирани субјекти, имејл пријавиле само 6.500 субјекти. Фирмите, невладините организации, куќните совети и сите други регистрирани субјекти имаа обврска до 1 април бесплатно да пријават имејл-адреса на шалтерите во Централниот регистар. По овој рок, пријавата ќе ги чинеше 1.603 денари, а можеа и да заработат казна од 1.500 евра. Компаниите реагираа бидејќи не беа запознаени со законската новина и поради краткиот рок за исполнување на обврската.
Централниот регистар го продолжи рокот за пријавување на имејл-адреса на правните субјекти во земјава, бидејќи многу малку фирми ја исполниле оваа законска обврска, која истекуваше на крајот на месецов.
За последниот рок за извршувањето на оваа обврска, кој дополнително ќе биде утврден, сите правни лица навремено ќе бидат информирани, изјавија од Централниот регистар.
Од 25 февруари, кога стапија во сила законските измени, од вкупно 100.000 регистрирани субјекти, имејл пријавиле само 6.500 субјекти. Фирмите, невладините организации, куќните совети и сите други регистрирани субјекти имаа обврска до 1 април бесплатно да пријават имејл-адреса на шалтерите во Централниот регистар.
По овој рок, пријавата ќе ги чинеше 1.603 денари, а можеа и да заработат казна од 1.500 евра. Компаниите реагираа бидејќи не беа запознаени со законската новина и поради краткиот рок за исполнување на обврската.
- Поучени од другите постапки и закони од кои произлегуваа обврски за вршење дополнителен упис на субјектите што се веќе запишани во регистрите, при што секогаш се чека последниот датум и имајќи предвид дека рокот е релативно краток, одлучивме да предложиме одложена примена и во делот на прибирање на надоместокот и во делот на изрекување глоби кон правните лица - рече директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски, на вчерашната прес-конференција.
Според него, мотивот за одлагање на примената на законот е што до денеска многу малку субјекти ја извршиле својата обврска.
Костадиновски посочи дека Централниот регистар е целосно подготвен навреме да ги прифати сите пријави за упис на имејл-адреса, но според бројката на досега поднесените, очигледно е дека правните лица нема да можат да ја исполнат својата обврска. Поради тоа, во консултации со Министерството за економија одлучиле да ја одложат примената на законот.
- Тоа значи дека странките ќе може да поднесуваат пријави за упис и по 1 април годинава без примена на одредбите за глоба или за надомест во Централниот регистар. За последниот рок за извршувањето на оваа обврска, кој дополнително ќе биде утврден, сите правни лица навремено ќе бидат информирани - рече Костадиновски.
Според него, целта не била преку оваа мерка Централниот регистар да прибира средства, туку да се овозможи запишување на имејл-адресите што ќе бидат еден вид електронско поштенско сандаче преку кое ќе се доставуваат сите видови писмена документација по електронски пат.
- Поштенското сандаче како имајл-адреса ќе биде релевантен податок запишан во Трговскиот регистар и во Регистарот на други правни лица во регистарот и ќе биде јавно достапен за секого - појасни Костадиновски.
Законот предвидува, доколку фирмите не пријават електронска адреса, да се соочат со казни од 500 до 1.000 евра. Казни се предвидени и за одговорното лице, и тоа во висина од 250 до 500 евра.